Николовски: Не се покриваат долгови на винарии, туку им се помага на лозарите
Државата не покрива долгови на приватни фирми, туку им помага на лозарите. Станува збор за човечка и суштинска одлука и неблагодарно е да се вртат тези дека се помагаат приватни компании, изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски во врска со најавите дека ќе биде исплатен долгот што винариите „Повардарие“ и „Стефанис винарија“ го имаат направено кон лозарите во периодот од 2014 до 2016 година.
Николовски појасни дека средствата што ќе се одвојат за исплата кон лозарите, ќе бидат вратени во Буџетот.
– Преку постојното законско решение државата го побарува износот којшто овие винарии или откупувачи треба да го платат кон лозарите и преку финансиски инструменти на Управата за јавни приходи и Платежната агенција, овие пари ќе се вратат во Буџетот. Лозарите долго чекаа на решавање на овој проблем и сметаме дека е одговорно што побргу да ги добијат своите пари, рече Николовски на прес-конференција по денешното потпишување на првите договори за мерката седум од ИПАРД 2 програмата.
Тој очекува денеска претседателот на државата да ги потпише измените на Законот за земјоделство и руралниот развој кои беа донесени на Собрание и во четврток на владина седница да се донесе одлуката. Треба да се донесе и измена на Програмата за финансиска поддршка и Државниот земјоделски испекторат да ги направи потребните анализи.
Според најавите, со исплатата треба да бидат опфатени сите лозари кои во периодот 2014-2016 година го предале своето грозје во винарии што во тој период биле регистрирани во Регистарот на МЗШВ, а не добиле пари за предаденото грозје.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија