Николовски-Лугалиу: Заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце - Елез Хан
Забрзан проток на патници, како и ефикасна контрола и заедничко делување во спречување на секој обид за шверц, се очекува со воспоставување на системот на едно застанување на граничниот премин Блаце - Елез Хан со Република Косово.
Како што соопштија од Царинската управа, ова беа едни од суштинските теми на средбата одржана помеѓу директорот на Царинската управа Бобан Николовски и косовската делегација предводена од директорот на Царинската управа на Косово, Агрон Лугалиу, заменикот министер за финансии и труд Агон Добруна и директорот за Граници, Фахри Гаши.
Николовски воедно со министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, се посочува, изврши увид на состојбата на граничниот премин се со цел унапредување на мерките што се преземаат секојдневно за подобрување на контролата на секој влез и излез на патници и стоки.
Граничниот премин Блаце - Елез Хан е еден од најфреквентните низ којшто на годишно ниво минуваат повеќе од четири милиони патници.
Трговската размена со Косово минатата година изнесувала 470 милиони евра. При тоа во просек на дневно ниво на овој премин минуваат над 500 камиони.
Годинава во првото тримесечје на овој премин поминале 48 илјади камиони од кои 27 илјади полни и 21 илјада празни камиони, наведуваат од Царинската управа.
Ново на Сител
-
Штипска модуларна ќе се преадаптира во специјалистичка амбуланта
-
Училиштата во Босилово започнуваат со сопствено производство на струја
-
Почина Папата Франциск
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Стојаноска: Чернодрински ќе се одржи во Прилеп по секоја цена, нема да го земе ниту еден друг град
-
Охридските компании се соочуваат со недостиг на кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“