Николовски: Храна ќе има доволно за граѓаните од сите три земји на „Отворен Балкан“
– Мора да се снабдиме со храна зашто доаѓа тешка зима. Отсега натаму не може да има забрани за извоз на земјоделски производи меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во врска со бенефитите од Договорот за обезбеденост со храна што денеска беше потпишан од трите земји во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.
За Дневникот на ТВ Сител тој појасни дека Договорот значи користење на капацитетите на државите од иницијативата „Отворен Балкан“ и дека во услови на криза тој е гаранција дека ќе има доволно храна за граѓаните од сите три земји.
– Тоа што ние го немаме, имаме гаранција дека ќе го обезбедат Србија и Албанија, тоа што тие го немаат, ќе го обезбедиме ние. Со Договорот гарантираме дека ќе обезбедиме доволно стратешки култури, доволни пченица, пченка, јачмен, млеко, месо, ориз, зејтин, сѐ што е стратешко во една ваква криза да има за сите луѓе. И ќе има доволно храна, ќе има доволно производи и граѓаните на овие три земји не треба да се грижат, рече Николовски.
Согласно Договорот, се формира комисија која ќе се грижи за складирањето и обезбеденоста на овие производи така што, рече Николовски, ќе нема пречки и застои на границите, ќе нема царини и документи.
– Обезбедуваме механизам со кој ќе нема прекин во снабдувањето со храна во овие три земји. Имаме брзи траки, со заемно усвојување на сите овие документи се признаваат лабораториските анализи, тоа значи дека производите нема да скапуваат на границите додека стигнат во рафтовите во друга земја во рамки на „Отворен Балкан“, додаде Николовски.
Ново на Сител
-
Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, ослободена од политички и други влијанија
-
Сиљановска Давкова за Кривичниот законик: Мора да се пополнуваат правните празнини и да се научат лекциите
-
Илјадници фалсификувани кукли Лабубу запленети во Велика Британија поради безбедносни ризици
-
Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да и обезбедиме на Украина
-
РСЕ: Унгарија и Словачка вршат притисок врз Брисел за списокот на санкции против Русија
-
За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија
-
Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари
-
„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата