Николовски: Го поставивме лозаровинарскиот сектор како еден од најприоритетните во делот на поддршката од Владата и државата
Го поставивме лозаровинарскиот сектор како еден од најприоритетните во делот на поддршката од Владата и државата, континуитетот да продолжи, порача денеска од Кавадарци пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој ја посети Тиквешијата со претставници на Комисијата за земјоделство, на општинските организации и советници од Советот на општината, од редовите на оваа партија.
- Решававме напластени проблеми од пропаднати винарии и измамени лозари, носевме револуционерни законски измени, програми, грантови за да потикнеме развој на семејните винарии, постојано ги слушавме лозарите и носевме дополнителни мерки, субвенциите беа редовни и неселективни и ги зголемувавме во време на криза, ја зголемивме поддршката и преку новите мерки што ги воведовме како зелената нафта која оваа година изнесува 9600 денари по хектар, интервентниот фонд, авансна предвремена исплата на дел од субвенциите за прв пат во 2023 година, за прв пат донесовме десетгодишна стратегија со јасни цели за развој на лозарството и винарството до 2034 година, а претходните 3 години се работеше а оваа година и го донесовме и новиот, модерен и европски Закон за виното, истакна Николовски.
Тој рече дека цената на грозјето во последните 5 години е во постојан пораст.
- Со донесување на новиот Закон за виното за прв пат, благодарение на политиките на СДСМ, ce овозможи загарантирана откупна цена на грозјето, подвлече Николовски, нагласувајќи дека за прв пат ова е регулирано со закон, ги штити лозарите и предвидува обврска и казни за откупувачите, законот води кон зголемување на цената на грозјето а преку тоа и повисока цена на виното произведено во шишиња.
Тој додаде дека со новиот Закон за виното од 2025 година ќе се изготвува и посебна годишна програма за финансиска поддршка во лозарството.
- Законот го регулира системот на географски ознаки, организациите на производители каде клучно влијание ќе имаат лозарите, гради препознатливост на виното и воведува стандарди, се усогласува со ЕУ. Претходно имавме вкупно 70 регистрирани винарии додека со измените кои се направија во Законот за вино во 2019 година и новите правилници со кои се олеснија условите за регистрирање на мали семејни винарии, денес имаме повеќе од 260 регистрирани винанрии со над 1.000 нови етикети. За кои потоа следеше и финансиска поддршка преку грант од 10.000 евра, каде за само три години се поддржаа вкупно 140 мали семејни винарии за набавка на опрема и ангажирање на стручни лица, рече Николовски.
Тој додаде дека виното е на врвот и во однос на извозната вредност на нашите земјоделски производи.
- Денес сме први во регионот и 13 во светот по извоз на вино. Како резултат на политиките расте извозот на флаширано вино и неговата цена што беше наша клучна цел. Извозот на флаширано вино во 2016 година е 22 милиони а во 2023 година е 38 милиони евра. Вредноста на литар извезено флаширано вино била 1 евро во 2020 и 2,11 евра во 2023 година. Оваа година очекуваме извозот да стигне близу 60 милиони евра и затоа е потребно и финансиска поддршка и за винариите да продолжи. За развојот на лозарството и винарството доказ е и нашата регионална лидерска позиција во искористеност на ИПАРД2 програмата во последните 5 години, каде токму овој потсектор води во однос на другите потсектори во искористеноста на финансиските средства од ЕУ за набавка на опрема, модернизација, подигање на насади и развој на винскиот туризам, нагласи Николовски.
Тој истакна дека винскиот туризам, заедно со руралниот туризам во иднина треба да биде во нашиот фокус и да привлече се поголем број туристи, а со самото тоа да се зголеми потрошувачката на вино и цените на флаширано вино.
- Во делот на развој на винскиот и рурлниот туризам создадовме можност преку нови национални програми и домашно финансирање за малите бутик винарии и денес сме сведоци и на нови мали винарии но и на нови угостителски и сместувачки капацитети во рамки на нив. Со тоа малите семејни винарии прераснаа во нова успешна македонска приказна. Силно се посветивме на поддршката за промоција на македонско вино преку меѓународни саемски манифестации, со тоа што од 2018 година наваму ја зголемивме на еден милион евра оваа поддршка при што сите саеми кои беа побарани од винариите беа и финансиски поддржани, го промовиравме нашето вино на повеќе континенти, со што се придонесе за промоција на македонското вино во светот, а со тоа и проширување на меѓународните пазари за извоз, рече тој.
Затоа, додаде, за долгорочен развој на овој сектор денес имаме за прв пат национална стратегијата.
- Имаме европски закон и сметаме дека треба да има континуитет и да се продолжи напред, со зголемена поддршка, инвестиции во модернизација, напредни технологии и практики до подобар квалитет на грозјето и нашето вино, градење на препознатлив имиџ до повисоки извозни цени, зголемен девизен прилив и пред се зголемување на цената и вреднување на трудот на производителите, рече Николовски.
Од името на СДСМ, тој посака успешна манифестација „Тиквешки гроздобер 2024“ година, богат род, задоволни лозари и добро вино од оваа берба.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат