Николовски бара мерка за интервентен откуп на оризот
Владата да донесе мерка за интервентен откуп и полесен извоз на оризот, побара денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Николовски, кој беше во посета на кочанскиот регион, обвини дека власта не се грижи за земјоделците и нивните проблеми.
- Наместо да ги поттикне и стимулира, власта дополнително ги стопира откупот и извозот, истакна дополнителниот замeник-министер.
Според него, службите земаат мостри под изговор за утврдување остатоци од пестициди и со тоа дополнително ја комплицираaт постапката за издавање фитосанитерен сертификат.
- Ова се случува во време кога ланската реколта се уште не е откупена и стои во амбарите и складовите на производителите, а жетвата на годинашната реколта е во голем замав. Притоа предизвикува директна штета на оризопроизводителите, бидејќи немаaт пари да си ја платат жетвата, ниту имаат каде да ја сместат новата реколта ориз, напомена Николовски.
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место