Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара

Лозовите и овошните насади во атарите на Росоман и селата Сирково и Камен Дол, Сопот, Паликура и Курија претрпеа најголеми штети од ниските мајски температури, вели Драганчо Николов, советник во Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци.
Како што изјави Николов за МИА, откако вчера земјоделци се пожалија на последици од студеното време во мај, првичните сознанија од терен говорат дека најголеми се штетите покрај реките Црна и Луда Мара.
- Се мисли на лозови и овошни насади во атарите на Росоман и селата Сирково и Камен Дол, Сопот, Паликура и Курија. Повидливи се последиците кај лозјата, отколку во овоштарниците - појасни Николов.
Тој истакна дека во наредните денови ќе се направат теренски согледувања на штетите од временските неприлики, што не се карактеристични во овој период од годината.
Николов препорача соодветно третирање со биостимулатори и потхранување за да се намали, како што рече, стресот кај лозовите и овошните насади.
МИА
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
