Николов: Одлуката за зголемување на цената на водата за пиење за Штип ја носи Регулаторна комисија
Одлуката за зголемување на цената на водата за пиење за Општина Штип ја носи Ругулаторна комисија, а не локалната власт, реагираше денеска градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов по низата на реакции од страна на опозицијата и на граѓаните на социјалните мрежи.
Тој забележа дека го чудат изјавите на советниците од опозицијата, кои знаат дека токму зголемувањето на цената на водата е според одлукат на Регулаторната комиисија.
– Ова си е најформална работа, законска работа, каде што Регулаторна комисија дава наредба на локалната власт, на Општината да ја регулира цената по проценти и какошто се напишани во 2021 5,4 %, 2022 некаде околу три до четири посто и 2023 година некаде околу, 2.5 %. Така да ги повикувам советниците да прочитаа, доколку не се научиле како некои работи функционираат во оваа држава и ние ги следиме законите, вели Николов.
Предлог одлуката за тригодишниот план за зголемување на цената на водата за пиење се најде на дневен ред на Комисиите на Советот на Општина Штип, а на првата седница во јануари се очекува да биде и изгласана од страна на Советот на Општина Штип.
Ново на Сител
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
-

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса
-

Балотели: Горд сум што сум Италијанец
-

Сан Антонио во серија од 10 победи
-

Голема полициска акција на МВР за детска порнографија, претреси во повеќе градови
