Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО

Изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка претставува „инженерско чудо“ и доказ дека државата е способна за реализација на големи инфраструктурни проекти, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговиот Фејсбук профил.
Во објава, придружена со видео од градежните активности, Николоски посочува дека на оваа делница се изведуваат сложени градежни зафати.
- На делницата Бељаковце - Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина. Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон, наведе Николоски.
Тој нагласува дека проектот не е само транспортна инфраструктура, туку и симбол на капацитетите на државата.
- Ова не е само железница, ова е инженерско чудо и доказ дека Македонија е способна за големи подвизи, истакна Николоски во објавата.
Железничката делница Бељаковце-Крива Паланка е дел од пругата кон Бугарија, која се гради во рамки на паневропскиот Коридор 8 и опфаќа изградба на мостови, тунели и придружна инфраструктура.
МИА
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
