Николоски: Зголемувањето на даноците е катастрофална мерка на Владата
Зголемувањето на даноците е катастрофална мерка на Владата Откако ова го најавија ние сме во комуникација со реалниот сектор и тој во моментов, во тешката ситуација во која се наоѓа и поради економската криза, размислува или да затвори или да направи даночна евазија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој во неговото гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Жешко политичко лето“ истакна дека со ваквата даночна реформа, наместо повеќе во буџетот ќе има се помалку средства, затоа што со зголемувањето на давачките за данок и со зголемените сметки за струја, нема да можат профитабилно да работата, што ќе доведе и до илјадници луѓе да останата на улица без работа.
„Економијата ја водат луѓе кои што и немаат познавање од јавниот сектор и имаат познавање само од оној научен, условно кажано, дел кој што се однесува на статистика, но не на реалната економија. Откако министерот за финансии најави дека ќе зголемува даноци, бевме во комуникација со реалниот сектор. Реалниот сектор размислува за две работи, или да затвори, што би значело илјадници луѓе оставени на улица, што значи помалце даноци затоа што тие нема да работат и во буџет нема да приходуваат или размислуваат како да направат даночна евазија, односно да најдат начин да не плаќаат даноци, што ќе значи зголемување на сивата економија и повторно помалку средства во буџетот. Значи, од двете варијанти со зголемување на даноци, во буџетот ќе има помалце наместо повеќе средства како што планираат од владата“, рече Николоски.
Тоа што ние сметаме дека е правилно, додаде Николоски, е дека граѓаните не треба да се оптеретуваат со дополнителни давачки во една ваква криза, кога основните производи одат по четири- пет пати нагоре.
Посочи дека даноците треба да се кратат со цел на бизнисот да му се даде шанса да има рамен терен за игра, да може да отвара нови работни места, да вработува луѓе и на тој начин да расте економијата.
Ако на владата и фалат финансиски средства место дополнително да ги даночи оние што редовно плаќаат данок, нека намали со криминалните тендери во четири очи и нека ја спушти сивата економија на европскиот стандард од 20%, која што во моментов во Македонија достигна 40% и така ќе има доволно пари во буџетот за сервисирање на сите потреби.
„А, доколку на владата и фалат средства во буџетот, еве два совети од мене. Прво, да намалат со криминалните тендери кои што ги прават секој ден, тендерите во четири очи и прво да ја сузбијат сивата економија која што во Македонија повторно оди на 40% од ДБП. Само да ја спуштат сивата економија на 20% од БДП, колку што е стандардот во Европската унија, каде што сакаат да одат и каде што сакаме да одиме, ќе немаат никакви проблеми со буџетот. Ама не го прават тоа и удираат по оние кои што се чесни и кои што плаќаат данок, штитејќи ги оние кои што се нечесни и кои што не плаќаат“, рече Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница
-
Основната плата во државата не може да биде пониска од минималната плата – Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест
-
Трипуновски: Излегуваме во пресрет на земјоделците, ќе ја направиме проценката за да се обноват површините зафатени од невремето
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено