Николоски: Власта преку опструкции сакајќи да ги казни градоначалниците го казнува народот
Јасна е поставеноста на политичката сцена и јасно е кој каде е. ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Мицкоски и од градоначалниците кои што реализираат проекти е на делот на реализација на проекти, на промени и на делот на кој што носи иднина, СДСМ сѐ уште од позадина раководено од Зоран Заев и од неговите пиуни кои што преставуваат најдобар израз на заевизмот е она што влече назад и што е ретроградно, ова денеска го истакна во неговиот говор потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на настанот „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт - отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“ кој беше организиран во Битола.
Николоски потенцираше и дека власта во овие 100 дена правеше сѐ за да ја попречи работата на општините, па затоа се толкави долговите на истите и затоа не стигаат дотациите од буџетот. Со ваквата блокада според него власта сака да ги казни градоначалниците, но заборава дека го казнува народот кој ќе ја казни на локалните избори и ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори.
„Во такви услови тие мислат дека доколку ги казнат општините и доколку не помогнат на општините ќе ги казнат градоначалниците, но во суштина го казнуваат народот, а народот не е наивен. Народот не треба да биде потценет затоа што добро разбира што прави оваа ненародна власт. Ја казни жестоко на локалните избори, а ќе ја казни уште пожестоко на предвремените парламентарни избори коишто ќе се случат побрзо од што мислат“, заклучи Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
