Николоски со предлог до Владата: Поднесете иницијатива до грчката влада во која ќе побарате во родниот Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по повод одбележување од денот на раѓање на македонскиот револуционер Гоце Делчев со конкретен предлог до Владата да иницира изградба на спомен на Делчев во Кукуш, неговиот роден град.
„Доколку сакаат чесно да се однесуваат еве еден предлог да дадам имајќи предвид дека на 4 февруари се одбележува годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, а тој е роден во Кукуш предлагаме македонската влада да поднесе иницијатива до грчката влада во која ќе побара во Кукуш да се изгради спомен куќа на Делчев која ќе е своевиден музеј, доколку тие не го направат ова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори ќе го направи ова“, рече Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.
Според него се случуваат ситуации како онаа со Пендиков само во држава која не е добро организирана и предводена од лица како Димитар Ковачевски, Бујар Османи, Оливер Спасовски.
Николоски додаде дека ова се случува и за внатре политички цели во Бугарија или бугарското собрание работи уште неколку дена и потоа се оди во кампања.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
-

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани
-

Работнички протест на ССМ во Скопје со барање за минимална плата од 600 евра
-

Над 100 малолетници загинале во Либан поради војната додека раселувањето нагло расте
