Николоски: Реџепи ќе ја поддржи недовербата на Владата
Скендер Реџепи ќе ја подржи недовербата на владата односно нема да подржи владата на СДСМ и ДУИ да продолжи да функционира истакна денес на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
- Ние високо ја цениме работата на пратеникот Скендер Реџепи, сметаме дека се работи за чесен човек, за наш пријател, за човек со кој што соработуваме, мислам дека неговата изјава беше јасна и не треба да се вади од контекст а тоа е дека тој ќе ја поддржи недовербата на Владата односно нема да поддржи владата на СДСМ И ДУИ да продолжи да функционира. Во однос на составување на нова Влада или евентуални брзи предвремени избори ќе разговараме после четврток затоа што треба да седнеме со нашите партнери и да видиме кои се програмските определби на сите политички структури кои што би сакале да состават политичка Влада или кои се интересите за брзи предвремени избори. Доколку можат да се склопат интересите и политичките програми на политички партии кои што можат да состават мнозинство од 61 пратеник секако дека може да се оди кон политичка Влада, а доколку интересите на пратениците е да се оди кон брзи предвремени избори, ќе се оди на предвремени избори. Чекор еден е гласање на недоверба на Владата на Зоран Заев кој што пред точно 8 дена ја најави сопствената оставка, никаде немате во демократска држава да се најави оставката и потоа да не се поднесува и затоа денес поднесува иницијатива со која што бараме да се гласа за доверба на Владата, кажа Николоски.
Ново на Сител
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
