Николоски претседаваше со најстарата парламентарна асамблеја на европскиот континент
Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Александар Николоски во текот на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од 10 до14 октомври во Стразбур, Франција, во својство на потпретседател претседаваше со оваа најстара парламентарна асамблеја на европскиот континент.
Дебатата, како што е наведено во соопштението од Собранието на РМ, беше посветена на спортот како мост кон еднаквост, интеграција и социјална вклученост.
На оваа тематска дебата обраќање имаше претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, а пратениците повикаа на поинтегриран и динамичен пристап до спортот особено преку создавање ефикасни механизми за идентификување на каква било форма на дискриминација во спортот.
Како што е наведено во соопштението, земјите членки на Советот на Европа биле повикани да го надминат јазот меѓу родовите и диспаритетот во наградите, да ги признаат достигнувањата на жените атлетичарки и значително да ја зголемат видливоста на жените во спортот преку посветување повеќе време на јавните сервиси на жените спортистки и преку промовирање на не-дискриминација во спортот.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали