Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма

Покажавме дека возможно е да се владее на поинаков начин, да се носат одлуки, а истовремено да не се потклекнува пред никого и да ги зачуваме македонските национални интереси, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
-Успеавме прв пат после децении газење да покажеме дека може да се чува македонското национално единство, дека можеме да се бориме за нашите интереси без да треба да виткаме кичма пред било кого. После долго време покажавме дека може и друга политика да се води, а не само политика на попуштање, истакна во интервју за ТВ Алфа, Николоски.
Потпретседателот на Владата го прокоментира и моменталното однесување на опозицијата, каде според него владее целосна безидејност.
Опозицијата се наоѓа во една тотална безидејност, изгубеност и агресија. Знаете генерално агресивни се луѓе кои се слаби и луѓе кои што немаат ништо позади себе. Така што таква ситуација имаме сега, викаат и скокаат до првиот аргумент, а кога ќе го добијат тоа од наша страна, тогаш застанува се, но тоа е нивни проблем, нека си го решаваат внатре”, заклучи Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
