Николоски: На Македонија очајно ѝ е потребна правда, Ненад Савески е професионалец, без ниту една дамка во кариерата

На Македонија очајно ѝ се потребни правда и владеење на правото. Ѝ треба јасно отворање и процесирање на случаи, кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем - истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски образложувајќи го пред пратениците предлогот на Владата за избор на Савески за државен јавен обвинител.
Тој нагласи дека Савески е професионалец, докажан во својата работа и, како што потенцира, без ниту една дамка во својата професионална кариера.
- За жал, оваа состојба во која се наоѓа обвинителско-правосудниот систем е состојба што не дава доверба кај граѓаните, состојба што ги тера многумина од граѓаните да не веруваат во системот, почесто да има неправда отколку правда, а и тогаш кога има правда, поради скепсата што постои меѓу граѓаните, тие да се прашуваат дали навистина се донела правилната одлука. Не случајно нема разговор, нема дебата и нема сериозни критики за обвинителско-правосудниот систем, како што не случајно и рејтингот на овие две институции е едвај 2 отсто. Тоа ќе биде сериозна задача за новиот јавен обвинител, кој го предлагаме, тоа е магистер Ненад Савески, човек што е долго во обвинителско-правосудниот систем, со сериозен стаж и искуство, човек кој бил обвинител, судија и сега повторно ќе ја има шансата да е прв меѓу обвинителите - нагласи Николоски.
Додаде дека се работи за човек кој е еден од светлите примери во македонското судство и обвинителство, кој што зад себе нема дамки.
- Имаме човек кој е мотивиран и кој ќе биде прв што треба да испорача правда во Македонија - нагласи Николоски пред пратениците.
Савески, кој е досегашен судија во Основниот кривичен суд Скопје, на 10 март беше определен од Владата како кандидат за државен јавен обвинител. Тој беше еден од четворицата кандидати за кои Советот на јавните обвинители во февруари годинава даде позитивно мислење.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
