Македонија
10. October 2025 - 19:06

Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово

На народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Валандово се обрати вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Промената која што минатата година почна ќе се случи и на локални нивоа. Време е на Валандово да му се случи промена за заеднички да можеме да ја градиме општината, градот и сите населени места кои што гравитираат кон градот, да правиме поубави места за живеење, места во кои што луѓето ќе доаѓаат, а нема да си одат, места во кои ќе сака малиот бизнис да инвестира, места во кои вие ќе можете да ја видите својата иднина, рече Николоски.

Тој потенцира дека е потребна голема масовна мобилизација.

-На 19 октомври да ги поканиме сите кои што ги познавате да излезат да гласаат, да го заокружат бројот 9 и победата да биде голема уште таа вечер, за заеднички да почнеме веќе од 20-ти да работиме. Мислам дека и градот и општината страдаа доволно во овие години од една некомпетентност, од една неработа и непосветеност скоро и да не се гледа нешто различно или нешто што се направило, реализирани проекти скоро и не можеме да видиме, додаде Николоски.

МИА