Николоски: Единствен излез од оваа криза се брзи предвремени парламентарни
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат брзи предвремени избори за излез од политичката криза во која се наоѓа државата.
- Очигледно дека криминалниот режим на власта се обидува по секоја цена да остане на власт тоа нема да трае долго од овде вечерва имам јасна порака во име на целата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Обнова на Македонија, а тоа е дека најбрзото и наједноставно решение за излез од оваа политичка криза а сега и безбедносна, здравствена и енергетска криза е брзи предвремени парламентарни избори во најкус можен рок, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва пред Собранието во име на целата коалиција изјави дека ова е единственото решение во моментот.
– Погазена е демократијата, беше киднапиран пратеник. За тоа ќе има одговорност, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата се обидуваат по секоја цена да останат на власт.
Во изјавата за медиумите, Николоски рече дека сите пратеници од опозицијата вечерва заминуваат од Собранието.
Ново на Сител
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
