Николоски: ДУИ и во 2001 година беше зелена партија, стартуваа од горите и планините на Македонија
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денеска при посета на Ѓорче Петров на средби со граѓани, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за најавите на Али Ахмети дека ДУИ станува зелена партија, рече дека во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со ПИ-ар алатки, како и дека ДУИ се враќа на корените односно како што истакна тој ДУИ и така стартувала во 2001 година како зелена партија од горите и планините на Македонија.
-Очигледно е дека во недостаток на свежи идеи на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ единственото што се занимаваат се ПИ-ар алатки, односно три дена водат во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, па нели билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти. Видени финти кои што не поминуваат кај гласачите, вели Николоски.
Според Николоски, очигледно е дека ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата. -Второ, ДУИ си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001 година токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените, изјави Николоски.
Николоски истакна дека при посета на Општината Ѓорче Петров имале средби со граѓани и трибина на која разговарале за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во земјава, како и состанок со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-Она што е неподелено мислење на граѓаните кои што ги сретнaвме денес е дека Ѓорче Петров очекува промени на локалните избори кои што ќе се случат во октомври-ноември месец оваа година. Постои огромно незадоволство од работењето на актуелниот градоначалник кој што скоро и да нема ништо реализирано од тоа што беше ветено пред четири години во изборната програма, истакна Николоски.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник