Николоски: Доказ дека изминативе години владата на Заев се мешаше во судските одлуки е договорот со Гаши
„Неприфатливо е, не може во судството да се меша извршаната власт, всушност затоа постои т.н. поделба на властите на законодавна – Собранието, извршната – Владата и судската тука се судовите и обвинителствата. Така што мешањето на една од овие власти во случајот извршната врз судската е нарушување на уставниот поредок на Република Македонија и тоа е апсолутно неприфатливо. Дополнително ова само потврдува дека години наназад има влијание врз судството и обвинителството, нешто за што ние долго го зборуваме и го потенцираме и сега го потврдуваат со еден коалиционен договор“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија говорејќи за договорот на Заев и Гаши и реотворање на судски случаи.
Николоски посочи дека во Македонија има еден нефункционален систем затоа што нема владеење на правото и затоа што има корупција.
„Дури и се оди дотаму што ќе барале од ЕК да се замеша, што секако нема да се случи затоа што последна работа што ќе ја направи ЕК е да се меша во судски одлуки, затоа што овој систем на поделба на власти е европска поделба на власти. А, ЕК во превод значи Влада на ЕУ. Така што Владата во Македонија не може да се меша во судовите, така и Владата во Европа не се меша во судовите“, нагласи Николоски.
Николоски додаде дека на сите граѓани им е јасно дека овие разговори што сега се водат за проширување на парламентарното мнозинство се исклучиво базирани на позиции во власта. И тоа се гледа. Не треба да се лажат граѓаните дека Заев го зголемува парламентарното мнозинство и прави коалиција заради добивање на датум за преговори, и тоа во услови кога е извесно дека тоа нема да се случи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
