Николоски: Бугарските барања континуирано растат и се прифаќаат заради желбата за власт
Откако е ова влада на СДСМ и ДУИ, бугарските барања континуирано растат и тие за жал се прифаќаат од страна на оваа влада, надевајќи се на тој начин дека ќе останат ден повеќе на власт, а за жал само го продолжуваат криминалот кој што се случува, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Жешко политичко лето“ на Канал 5.
Николоски истакна дека она што го гледаме од бугарска страна е дека нема крај на нивните барања, се работи за една 150 годишна стратегија, која што е многу јасна, а тоа е дека Бугарија смета дека само случајно на својата западна граница граничи со народ ист како бугарскиот и со народ кој зборува јазик кој е дијалект на бугарскиот јазик.
- Односно Бугарија смета дека граничи со самата себе. Во такви услови да има ваква наивност на македонската дипломатија кажува или желба за власт или тотален аматеризам. Од владата велеа дека Протоколот нема да е дел од преговарачката рамка, иако во неа јасно пишува дека протоколот е дел од преговарачката рамка. Во него има преку 20 страни обврски за Македонија. Бугарија ќе има сопствено толкување на тие обврски од Протоколот кој го потпиша Бујар Османи и сега имаат полно право да бараат реализација на свој начин, рече Николоски.
Тој потенцираше дека ќе гледаме барања за менување на учебници по историја и географија, барање за промена на натписи и табли пред споменици, притисок да се менуваат наставни програми и да се карактеризира македонскиот народ како народ кој нема историја, а македонскиот јазик како бугарски дијалект и дека не гледаме што е тоа што Бугарија се обврза да го направи.
- На пример еве јас сум во Совет на Европа, 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, сите се однесуваат на малцинските и јазичните права на Македонците во Бугарија, но Бугарија нема спроведено ниедна пресуда. Не гледам дека владата на СДСМ ДУИ врши притисок да се реализира барем една од овие 14 пресуди. Не го гледаме реципроцитетот, кога од Македонија се бараат 100 работи, а од Бугарија ниедна. Од Македонија се бара да се избрише самата себе, а Бугарија да биде таа која ќе наметнува услови, нагласи Николоски.
Николоски додаде дека оваа преговарачка рамка е апсолутно неприфатлива, и не е преговарачка рамка за напредување на Македонија кон членство во ЕУ, ова е преговарачка рамка за постојано уценување, затоа што клучните елементи се целосно и исклучиво во корист на Бугарија.
Николоски истакна дека македонските граѓани мора да бидат прашани и да дадат свој став да прифаќаат ваква преговарачка рамка и Македонија да има повеќе услови од останатите земји членки кога се приклучувале на ЕУ, и затоа се бара референдум.
- Во однос на референдумот прашањето се уште не е дефинирано, ние кажавме дека во текот на август ќе правиме консултации со експертската јавност во однос на најдобро формулирање на прашањето и најдобро барање на суштината на ова што е проблем за Македонија, а тоа е континуираната уцена на Бугарија. Главниот фокус е насочен кон спорниот член 5 од преговарачката рамка во кој што под критериуми за членство за Македонија се додаваат уште два нови, едниот е договорот за добрососедство со Бугарија, а вториот е член 12 и протоколите кои секоја година треба да излегуваат, истакна Николоски и додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ поддршка за промена на Уставот нема, тоа е јасен кристален став.
Во однос на националната стратегија, Николоски посочи дека уште во месец март 2020 година кога за прв пат во документ на ЕУ излегоа барањата на Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ побара лидерска средба на која би се разговарало за нив.
Побаравме да се направи национална стратегија како да се настапи кон Бугарија. Тогаш Пендаровски рече дека нема потреба од таа работа и дека тоа се предизборни цели на Македонија. Тие предизборни цели сега се официјална позиција на ЕУ преточена во преговарачка рамка. Ние мора да изградиме заедничка национална политика од која никој нема да отстапува, да не ни се случи како Декларацијата во Собранието која ја усвоивме од која владата отстапи, нагласи Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени