Николиќ: Нема да се случи Србија да го повлече признавањето на Македонија под уставно име

Претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел по денешниот четирилатерален состанок во Брисел меѓу него, македонскио претседател Ѓорге Иванов, еврокоемсарот Јоханес Хан и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, негираше дека неговата земја ќе го повлече признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име.
- Тоа не значи. Србија во 1998 година прифати име Македонија, потоа Македонија ја призна независноста на Косово и Метохија и Србија не реагираше негативно. Потоа Македонија гласаше во УНЕСКО за Косово и Метохија и Србија не реагираше негативно. Зошто сега да реагира негативно? Тоа нема да се случи - одговори Николиќ, за тоа дали Србите подготвуваат повлекување на признавањето.
Српскиот претседател рече дека со Иванов имале препирки пред почетокот на состанокот со Хан и Туск во Брисел. Николиќ рече дека најпрво, претседателот на Македонија му честитал за отворање на првите две поглавја, а потоа разговарале за иднината и дека се „закачиле” и за минатото.
- Малку му кажав на претседателот на Македонија зошто Македонија гласаше за тоа Косово да биде во УНЕСКО, а тој на мене ми кажа дека не е добро што е поставена табла на која пишува „бивша југословенска Република Македонија”. Јас му реков тоа да го каже овде во Европската комисија за да го променат тоа име. Кај нас Европјаните мора да проаѓаат и мора дазнаат во која држава влегуваат. Потоа се закачивме за Цар Душан и потоа прекинавме, бидејќи видовме дека тоа оди многу далеку, додава Николиќ.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
