-->
-->
Никола Мантев го фати светиот крст во Кавадарци
-->

Никола Мантев (25) го фати светиот крст во реката Луда Мара во Кавадарци што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление - Водици.
Водосветот со литургии, во духот на христијанската традиција, го организираа двете православни цркви „Свети Димитрија" и „Света Петка", а заврши со две свечени поворки и фрлање на осветниот крст. .
Мантев посака здравје и среќа за своето семејство. - Досега многу пати сум се фрлал по крстот на Богојавление Водици, но денеска првпат ми успеа и да го фатам, изјави Мантев кој доби два ТВ приемника за подарок, еден од општината и еден од Зегин.
Освен него, во водите на реката по светиот крст се фрлија уште десетина лица.
Честитајќи го празникот, кавадаречкиот градоначалник Александар Панов посака здравје, среќа и бериќет за сите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
