Џет-Сет
5. January 2018 - 14:56

Никој не сакаше да ја земе: Цеца открива како е направена нејзината најпозната песна

Цеца Ражнатовиќ оваа година ќе прослави 30 години кариера, а се присети кога во 1991 година направи пауза и одлучи да ги смени соработниците со кои дотогаш соработуваше, а во чиј период настанаа нејзините хитови „Цветак зановетак“ и многу други.

-И тогаш направив пауза во кариерата од година дена. Сакав да го сменам тимот и саква нешто поинакво. Имав визија песните да бидат со некои посилни пораки. Веќе станав девојка, сакав моите песни и изгледот да бидат поинакви. Тогаш дојдоа Марина и Фута. Се пронаоѓав во нејзините песни и го сакам тој начин на пишување и обраќање кон публиакта. Го добив нејзиниот број, ја повикав, беше некако доцна попладне, зима. И реков: „Сакам да разговарам со Марина“, ми рече: „Јас сим“. И реков: „Цеца Величковиќ покрај телефонот“, тогаш уште го имав тоа презиме. Имав само 19 години. Таа веле: „О млада дамо, тебе те чекам веќе неколку години и знаев дека кога тогаш ќе се јавиш“. Веднаш се договоривме да се видиме истата вечер. Дали ви се верува дека тие имаа цел албум склопен за мене? Тоа е албумот „Шта је то у мојим венама“, искрено открива после долга низа години Светлана Ражнатовиќ.

Таа објасни и како е направена песната „Кукавица“ која и денеска е голем хит.

-Потоа направив една турнеја, учествуваат повеќе мои колеги, имаше хуманитарен карактер, но и натпреварувачки. Караванот патуваше секаде по нашите земји, мене ми требаше нова песна иако албумот веќе ми беше излезен, со која ќе се претставам на „Ктитор фолк лига“ и викам што да снимам сега. Дали балада или нешто побрзо. Фута вели имаме ние една песна, но многу пејачки ја одбија и никој не сака да ја сними. И секако, Марина тогаш беше во кујна, а тоа се се случува кај нив во стан. Ми вели: „Футо немој да го свириш тоа, без врска е“. И јас и велам: „Те молам да слушнам што сте направиле, а дека е така без врска, не верувам во тоа“. И тој мене ми запеа: „Загрли ме и поѓи самном путем куда иду кукавици“. Му реков дека таа песна е лудило и дека е напишана за мене, и тоа е тоа што ми треба. Марина слуша од кујна и дофрла: „Невозможно е ова да ти се допаѓа“. Фута следниот ден направи аранжман, следниот ден ја отпеав песната, народски што се вика „од прва“ и настана целосно ремек дело, рече Цеца во Новогодишното интервју за РТВ Нови Пазар.