Никарагва ја прогласи за „персона нон грата“ амбасадорката на ЕУ
Министерот за надворешни работи на Никарагва, Денис Монкада, официјално ја известил амбасадорката на Европска Унија во Манагва, Бетина Мускејт, за нејзиното протерување од земјата, изјави неименуван дипломатски извор.
Мускејт ја презеде функцијата во Манагва во октомври 2021 година. Според никарагванските медиуми, официјална Манагва е лута поради изјавата на претставникот на ЕУ во Советот за човекови права во Женева, кој побара од Владата на Никарагва да ја „врати“ демократијата. Тоа од властите на Никарагва беше протолкувано како „мешање (на ЕУ) и непочитување на националниот суверенитет“.
Протерувањето на амбасадорката на ЕУ доаѓа седум месеци по протерувањето на апостолскиот нунциј Валдемар Сомертаг. ЕУ и САД пред четири години воведоа серија санкции за Никарагва и владини претставници поради кршење на човековите права.
Претседателот на Никарагва Даниел Ортега и неговата сопруга и потпретседателката Росарио Мурило го обвинуваат Вашингтон дека подготвува државен удар во Никарагва со помош на Католичката црква. Ортега вчера ја нарече Католичката црква „совршена диктатура и совршена тиранија“, две недели откако папата Франциск наведе дека „има дијалог“ со Манагва.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден