НИКАКО не го правете ова вечерва - ќе ве следи несреќа
Данците кршат чинии, Јапонците се кикотат, Бразилците носат бело, Шпанците јадат грозје, а Србите прасечко – сето ова во името на благосостојбата во новата година. Обичаите се различни, но низ цела планета луѓето се уверени дека одредени „адети“ носат среќа во идната година, а одредени се многу лоши за неа.
На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.
Ако се јаде прасечко ќе се има напредок во идната година е верување во Србија и во Македонија.
ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАВИ?
-Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот
-Никако не се позајмуваат пари на 31 декември ни 1. јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми
-Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1. јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре.
-Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа.
-Работа не се склопува на 1 јануари – тоа значи нема да е успешна
-Не треба да се пере долна облека или чинии на 1. јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.
-Кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.
Ново на Сител
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.