-->
-->
Нигерија ќе вложи милијарда долари во борба против бунтовниците
-->
Државните гувернери на Нигерија одобрија милијарда долари од вишокот нафта на сметка на Владата, со цел средствата да бидат искористени за борба против терористичката група Боко Харам.
- Задоволни сме од акциите на Владата во борбата против бунтовниците и во согласност со тоа државните гувернери одобрија уплата од милијарда долари на сметка на Владата, со цел да заврши таа војна, соопштија гувернерите.
Парите се дел од сметката на која се собира вишокот од продажбата на нафта, на која има износ од 2,3 милијарди долари, според изјава на министерот за финансии на Нигерија.
Според гувернерот на сојузната држава Едо, Годвин Обасеки, парите ќе бидат искористени за купување нова опрема, обука за војската и за логистика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска