Нието ја откажа средбата со Трамп

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието денеска изјави дека неговата влада ја информира Белата куќа дека тој нема да присуствува на состанокот со својот американски колега Доналд Трамп, што беше закажан за 31 јануари.
„Утринава ја информиравме Белата куќа дека нема да присуствувам на работниот состанок, што беше закажан за вторник со Трамп. Мексико ја повторува својата подготвеност да соработува со САД во постигнување договор, од кој корист ќе имаат двете земји“, наведе Пења Нието на својот налог на Твитер.
Претседателите на Мексико и САД требаше да се сретнат следната недела во Вашингтон за да разговараат за прашањата на трговијата и имиграцијата, потсетува „Спутник интернешенел“.
Трамп претходно денеска му порача на мексиканскиот претседател дека треба да ја откаже претстојната посета на Вашигтон доколку Мексико одбива да ја плати изградбата на ѕидот долж границата на двете земји.
- Доколку Мексико не е подготвен да плати за преку потребниот ѕид, тогаш подобро ќе биде да се откаже претстојниот состанок, наведе Трамп на својот налог на Твитер.
Претходно Нието кажа дека Мексико нема да го плати пограничниот ѕид на Доналд Трамп.
Тој тоа го кажа откако американскиот претседател ги потпиша директивите за изградба на ѕидот на границата со Мексико, што ќе биде долг 3.200 километри.
Ново на Сител
-

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
-

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години
-

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
