„Ние не ја поддржуваме независноста“, кажа Бајден за изборните резултати во Тајван

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека неговата земја не ја поддржува независноста на Тајван, откако на претседателските избори на островот победи Лаи Чинг-те, познат како Вилијам Лаи.
„Ние не ја поддржуваме независноста“, рече Бајден.
Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен им ја честиташе победата на кандидатот Лаи Чинг-те, како и на народот на Тајван за нивниот „цврст демократски систем“ по претседателските избори.
Кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) Лаи Чинг-те е победник на денешните претседателски избори во Тајван, според речиси целосно преброените гласовите, а неговите противници веќе го признаа поразот.
Гласачите денеска избраа нов претседател на Тајван и нов состав на Парламентот. Досегашниот потпретседател Лаи Чинг-те, од владејачката Демократска прогресивна партија, освои 40,2 отсто од гласовите, според официјалните резултати, врз основа на преброените материјали од 98 отсто од избирачките места.
Кина пред изборите оцени дека Лаи претставува сериозна опасност поради неговите ставови во прилог на независноста на Тајван, кој Кина го смета за своја територија.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
