НГШ на АРМ во посета на командата ан КФОР во Приштина

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, денеска престојуваше во официјална посета на командата на КФОР во Приштина.
Величковски се сретна со командантот на КФОР, генерал-мајор Џовани Фунго, која е прва нивна официјална средба по назначувањето на генерал Фунго за командант на КФОР во септември минатата година.
- На планираната годишна средба во Приштина, се разговараше за безбедносната состојба во регионот со акцент на активностите кои ги изведува АРМ поврзани со справувањето со мигрантската криза, како и за можен понатамошен заеднички настап на АРМ и силите на КФОР во изведување координирани активности на државната граница на Република Македонија и Косово.која е прва нивна официјална средба по назначувањето на генерал Фунго за командант на КФОР во септември минатата година, соопшти Канцеларијата за односи со јавност на НГШ на АРМ.
Генералот Величковки го истакнал досегашното високо ниво на соработка на АРМ со КФОР во функција на унапредување на севкупната безбедносна состојба во регионот, но и за можностите на нејзино понатамошно проширување.
- Досегашната соработка се огледа во поддршката која Република Македонија ја дава на КФОР во транзитирањето низ нашата земја, користењето на капацитетите на АРМ за медицинска евакуација во случај на потреба, но и дадената помош во инженериски машини на КФОР за време на поплавите во скопскиот регион изминатата година, а врз основа на искажаните потреби од страна на АРМ, се вели во соопштението.
Од јуни 2007 година во составот на Командата за логистичка поддршка на АРМ функционира координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, чија основна задача е координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, со што АРМ посредно учествува во мисијата КФОР.
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
