Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава против началникот на СВР Струмица
Независниот синдикат на полицијата од Струмица денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против началникот на СВР Струмица поради, како што велат, опструкции во работењето на синдикатот спротивни на Законот за работни односи.
Од Независниот синдикат на полицијата го обвинуваат првиот човек на струмичката полиција, дека намерно не дозволил одржување на состанок на синдикатот, а членови обвинуваат дека биле избркани од просторот на СВР Струмица.
- Во 2016 година направивме пререгистрација согласно Законот за работни односи и како што бараше МВР и Министерството за труд и социјална политика. На први март уредно ја добивме документацијата, а на 16 јуни доставивме документи со кои го известивме началникот на СВР Струмица и ги известивме и останантите надлежни во СВР Струмица со цел сите членови на Независниот синдикат на полицијата да бидат опфатени на едно место во објектот во СВР Струмица за да им биде презентирана програмата статутот и другите документи на независниот синдокат. Во два дена се случија пет одлуки на началникот и на пет дополнителни одлуки од останати службени лица по налог на началникот. Ние основано се сомневаме дека ова е опструкција против независниот синдикат на полицијата, зошто на 16 јуни кога требаше да се одржи синдикалниот состанок бевме исфрлени грубо и брутално од просторот од СВР Струмица, без да добиеме простор за синдикален состанок, рече на денешната прес-конференција Гоце Делчев Тодев, од Независниот синдикат на полицијата.
На прес-конференцијата од Независниот синдикат на полицијата посочија дека ќе поднесуваат кривични пријави против сите вработени во МВР без разлика на хиерархиска поставеност, доколку не биде овозможена работата на синдикат согласно Законот за работни односи.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје