„Независне новине“: Објавена карта за уништување на Република Српска

Групата „Бошњаци“ објави на Фејсбук карта на БиХ со насоки и детален план во кој изложиле како со воени сили да ја изгаснат Република Српска ако се одржи референдум, јави Танјуг.
Како што се наведува, доколку претседателот на РС Милорад Додик се обиде преку референдум насилно да ја отцепи РС, картата претставува упатство за да може со воени сили „да се изгасне за сите времиња и БиХ да го врати стариот устав“, пренесе „Независне новине“.
- Потребни се неколку храбри момци кои би се упатиле кон реката Дрина и би минирале и детонирале она што го минирале, т.е. уривање на сите мостови кон Србија, пресекување на „коридорот“ кај Брчко и одвојување на РС на два дела, и чување на коридорот како што тие го држеа за време на војната, стои во текстот.
Во плановите на овие воени акции стои и како од Горажде треба да се дејствува на тромеѓето на БиХ, Црна Гора и Србија и со тоа да се одвои источна Херцеговина од источна Босна, по што формации од Долноврбаскиот регион би „удриле“ на Мркоњиќ град, и како што велат со тоа би го скратиле самиот фронт за неколку километри од границата.
Споменатите коридори и коти би ги држеле, како што се наведува, додека официјална Бања Лука не се согласи на барањата на „федералците“.
Безбедносниот експерт Предраг Ќераниќ предупредува дека ваквите работи дефинитивно не треба да ги превидат оние кои се занимаваат со прашањата за безбедност во БиХ, бидејќи претставуваат закана и опасност.
Тој, меѓутоа, вели дека многу лесно е можно вакво нешто да помине неказнето и неистражено.
Ќераниќ предупредува дека човекот кој е приведен поради напад на премиерот Александар Вучиќ во таа прилика на себе носел маица на која пишувало „ОГ југ“.
- „ОГ“ може единствено да значи оперативна група, а ако има оперативна група југ, тогаш има и север, исток и запад, што е само една потврда за такви формации во БиХ. Него, за жал, никој не го праша за тоа при сослушувањето за што се работи, рече Ќераниќ.
Експертот за тероризам Џевад Галијашевиќ смета дека ваквите работи и тоа како треба да се сфатат сериозно, и оти ова не е никаква шега.
- Споменатите локации навистина се од голема важност, се работи за т.н. црвени точки или тесни грла чие освојување и контролирање би ја парализирало РС, предупреди тој.
Според него, вакви планови постојат уште од завршување на војната.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
