Независната пратеничка група од редовите на ВМРО - ДПМНЕ против барањата на БЕСА
Пратеничката група, составена од осумтемина пратеници на опозицијата кои гласаа за отворање на Уставот, е против барањата на БЕСА. Од таму сметаат дека не треба да се менува она што е Договорено со Грција, односно дека треба да остане државјанството „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.
Доколку се прифати барањето на БЕСА, да се избрише „македонско“, осумтемина пратеници најверојатно ќе се повлечат и нема да ги поддржат уставните измени пишува Фокус.
-Не отстапуваме од она што е од договорено со Грција, односно државјанството да биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Тоа е нашиот краен став. Тоа е најголемата придобивка и јакнење на идентитетот. Со Грција се договоривме, сега ќе го распрчуваме договореното меѓу нас – велат од пратеничката група со која координира пратеничката Елизабета Канческа-Милевска.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод
-
СДСМ на граѓанска трибина во Карпош
-
Тема на денот со Драган Ѓилас, претседател на ССП и лидер на опозицијата во Србија
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии