Независната комора на угостители бара рамноправно вакцинирање на сите угостители
Независната угостителска комора (НУК) попладнево преку соопштение реагира што не биле консултирани и викнати на состанокот на кој се разговарало за вакцинирање со стопанските комори.
НУК бара рамноправно вакцинирање на сите угостители и угостителски работници, а не вакцинација на, како што се вели, привилегирани членки на овие комори.
– Ги прашуваме јавно и транспаретно и министерот Венко Филипче и претседателите на овие комори зошто угостителите и Независната угостителска комора, која најмногу допринесе во остварување на правата на угостителите во изминатиот период, повторно се игнорираат и деградираат. Зарем не беше доволно што Стопанската комора на Македонија ја искористи себично за лични интереси и само за своите членки донацијата за вакцинација дадена од соседна Србија која имаше обврска да ја сподели со сите комори, се наведува во реакцијата.
Од НУК бараат министерот за здравство јавно да им се извини на сите угостители, а Министерството за здравство во најкус рок да ги објави начините планирани за вакцинирање што се договорени на состанокот со коморите.
Ново на Сител
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот