Незапаметени редици пред избирачките места во САД
Во првите неколку часа од почетокот на денешниот гласање на изборите во САД се бележат досега незапаметени редици пред гласачките места, што според американските медиуми, укажува дека излезноста на денешното изјаснување ќе биде многу висока.
Околу 13 часот по средноевропско време беа отворени првите гласачки места во источните американски сојузни држави.
На изборите право на глас имаат околу 225 милиони Американци, кои ќе бираат нов претседател, една третина од членовите на Сенатот, како и нов состав на Претставничкиот дом.
Си-Ен-Ен јави дека поддржувачи на демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон испраќале пораки од гласачите да „заштедат време и да гласаат преку СМС“. Засега нема потврда за ваквите информации, кои доколку се вистинити, претставуваат манипулација бидејќи гласовите преку СМС се не важечки.
Клинтон резултатите од изборите ќе ги чека во конференцискиот центар „Џејкоб К. Џевиц“, додека нејзиниот републикански противкандидат во хотелот „Хилтон“.
Според последната проекција на Ипсос, Хилари Клинтон има околу 90 отсто шанси за победа на изборите.
Во исто време на европските берзи е регистиран раст на вредноста на акциите, што според аналитичарите укажува дека инвеститорите очекуваат победа на Клинтон.
Ново на Сител
-
Единаесет лица повредени во пожар во студентски дом во Љубљана
-
Пронајдена една од црните кутии од авионот што се урна кај Вашингтон
-
ЕК планира тужби против членките на ЕУ што нема да ги спроведуваат мерките за намалување на бирократијата
-
Го оштетил Буџетот за 6.156.229 денари - Кривична пријава против сопственик на ХЕЛЕНА ДООЕЛ за „даночно затајување“
-
ДЗР: Слабостите во управувањето со здравствените услуги и лекови создаваат финансиски и оперативни предизвици во Клиниката за дерматологија
-
На 20-годишникот кој усмрти девојка кај „Силбо“ ќе му се испитува крв и урина, издадена наредба за обезбедување на снимки
-
Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии
-
Ѓорческа елиминирана од првата носителка на турнир во Франција