-->
-->
Невремето што ноќта ја погоди Србија откри над 2000 златници
-->
Во ирските легенди, лепраконите ги кријат своите ќупови со злато на крајот на виножитото. Но бидејќи виножитото се гледа само од далеку, локацијата и ќупот со златото секогаш се само илузија.
Кој решил да го скрие својот ќуп на крајот од грмотевица – не знаеме, ама едно семејство од Аранѓеловац во Србија го најде. Во текот на невремето што ноќта на 10-11 август го погоди градот, гром удрил во стариот даб во дворот на Митровиќ.
-Се слушна страшен удар на гром, а потоа и силен тресок во нашиот двор. Громот погодил во дабот, кој има преку сто години. Видовме дека громот го уништил, ама до утрово не го поместував. Излегов со моторна пила и почнав да ги сечам гранките, и тогаш во самиот корен на дрвото видов нешто чудно. Ја растргнав земјата и видов ќуп полн со златници. Кога ги избројавме внатре имаше точно 2000, а вредноста се проценува на 300.000 евра, дури можеби и повеќе. Ќе видиме после проценката“, раскажа Марко Митровиќ за Аранѓеловац Инфо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ