Невреме низ цела Македонија - еве каде беше најкритично
- Посевите на отворено и пластениците во атарите на селата Муртино и Сачево се најпогодени од вчерашното невреме што го зафати струмичкиот регион.
Посевите на отворено настрадаа од градот, а од силниот ветар се искинати најлоните на пластениците.
Во селото Сачево откорнати се дрвја, а на повеќе покриви се искршени керамидите.
Од Центарот за управување со кризи во Струмица информираат дека Противпожарната единица на Струмица интервенирала со испумпување на вода од три подруми во Струмица.
Во градот вчера под вода беше улицата „Младинска“, а штети имаше и на позната „Леблебеџиска улица“. И на двете места интрвенираа екипи на ЈКПД„Комуналец“ со механизација и водата е отстранета.
Инаку, вчера во Струмица за дваесетина минути наврнале 33,7 литри на метар кавадратен
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
