-->
-->
Невреме ја погоди Канада: 900.000 домаќинства останаа без струја
-->
– Четири лица загинаа, а 900.000 останаа без електрична енергија во провинциите Онтарио и Квебек во силните бури кои ја погодија источна Канада.
Полицијата во Онтарио преку Твитер соопшти дека тројца загинале, а повеќе се повредени во летна бура. Четврто лице, жена на 50-годишна возраст, се удави кога нејзиниот чамец се преврте под удар на бура во реката што ја дели Отава од предградијата на Гатино, објави Радио Канада извештај од локалната полиција.
Покрај тоа, речиси 900.000 домаќинства во источна Канада сè уште беа без електрична енергија во саботата навечер по локално време, од кои околу 340.000 во Онтарио и 535.000 во Квебек, според локалните енергетски компании Хидро Уан и Хидро Квебек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка