Loading Video...
Ракомет
15. July 2021 - 14:23

„Невозможна мисија“ за младите македонски ракометарки да стигнат до полуфиналето

Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 19-години вечерва ќе го игра последниот меч од групната фаза на ЕХФ шампионатот што се одржува во Скопје. 
 
Нашите младински за противник ја имаат селекцијата на Косово, која има една победа и два порази.
 
Иако избраничките на селекторот Љубомир Савевски во овој дуел влегуваат како фаворити, сепак се со само теоретски шанси да стигнат до второто место во групата 
 
Ова откако вчера тие беа поразени од Холандија во дуел во кој 45 минути имаа водство се до првото израмнување кога на семафорот стоеше резултатот 20-20.
 
И во наредните пет минути се играше гол за гол се до резулат 23-23, по што противнилките направија серија од 5-0, која нашите младинки не успеаја да ја надополнат па на крајот беа совладани со конечни 25-29.
 
Поразот од 4 голови разлика како и убедливиот триумф на ракометарките од Фарските Острови кои го совладаа Косово со 24 гола разлика (34-10), ја прават невозможна мисијата за нашите ракометрки кои во моментов имаат гол разлика од +7 или 36 помалку од конкурентките од Фарските Острови кои денеска играат против Холандија која е сигурно прво пласирана.  
 
Така и пораз на конкурентките од Холандија нема да ни завршат работа доколку во вечерашниот дуел против Косово кој ќе започне од 20:30 часот, нашите ракометарки на направат чудо и забележат убедлива победа со огромна гол разлика.