Невестата умре на првата брачна ноќ - традиција која убива
Венчавката треба да биде еден од најубавите моменти во животот, но може да биде и вистински кошмар наместо преубав сон.
Што се случува кога невестата нема доволно години за да стапи во брак и била принудена да се мажи? За ова 8-годишно девојче од Јемен кошмарот се претвори во стварност кога родителите ја омажија за 5 пати постар човек од неа.
На својата прва брачна ноќ почина од внатрешно крварење кога нејзиниот „маж“ ја силувал. Имала само 8 години!
Оваа пракса е нормална појава во Јемен, каде повеќе од четвртина од женската популација во 2012 година била венчана пред својата 15 година од животот.
Поради стравотиите на овие договорени бракови, се бара забрана на ваквата традиција, со аргументи дека станува збор за варваризам над младите девојчиња, но за чудо овие барања наидоа на отпор кај жителите на Јемен.
Ова навистина не е нешто што треба да се случува и во 2016 година. Иако традицијата е нешто што треба да се негува и чува, сепак постојат некои работи кои се спротивни на природниот тек на животот.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза