НЕВЕРОЈАТНО: Ја топли куќата со помош на лименки од пиво

Цел Балкан слушна за Дарко Миличевиќ, наставникот од Парачин кога направи систем за „ топлење на куќа“ со помош на лименки од пиво. Наставникот по математика и информатика од Парачин, Дарко Миличевиќ (39) успешно спроведе експеримент од почетна идеја, која ја пронашол на „Јутјуб“, до згревање на воздухот и можност до затоплување на куќата на соларна енергија со помош на алумински лименки од пиво. За неговиот експеримент пишуваше и англискиот Дејли Мејл.
- Медиумите ја преувеличеа целата приказна, тоа беше само експеримент. Куќата е невозможно да ја загрееш со вакви панели во наши услови, бидејќи работат само кога времето е сончево. Може ова најдобро да функционира на медитеранските острови, каде има голем број на сончеви денови, идејата ја превземав од Јутјуб, раскажува Миличевиќ.

Тој пред почетокот на зимата ги монтирал панелите на јужниот ѕид од куќата бидејќи таму сончевите зраци се најсилни.
- Направив мерење на 31. декември. Тогаш температурата беше минус пет, а во мојата дневна соба влегуваше топол воздух од температура 51,8 степени целзиусови. Мана на овој систем е што греењето работи само кога денот е сончев, што во наши услови тоа е многу ретко во текот на зимата, рекол професорот.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
