Балкан
18. November 2016 - 9:52

Неверојатна кражба: Украле два километри заштитна ограда покрај новиот автопат

Два километра заштитна ограда и 20 капаци за шахти се украдени од автопатот Љиг – Прељина во Србија што беше отворен пред девет дена, јавија српски медиуми.
 
Кражбата на 2.000 метри заштитна ограда и капаци за шахти е пријавена во полицијата која спроведува трага по извршителите.
 
Автопатот Љиг-Прељина е „покриен“ со 150 безбедносни камери, а Министерството за градежништво, сообраќај предупреди дека ќе поднесат пријави за сите кои уништуваат заштитен имот долж автопатот под обвинение за тешко загрозување на безбедноста во сообраќајот.