Живот
26. February 2018 - 13:17

Неверојатна глетка во БиХ: Волк на автомобил му го покажувал патот

Жител на источниот Дрвар во Босна  кои овие денови е затрупан со снег, сними волк додека се возел со автомобилот. 
 
Авторот на видеото го објави на Фесјбук, а во еден од коментарите навел дека се возел околу 50 километри на час. 
Општината Дрвар се наоѓа во целосна блокада проследена со интензивни снежни врнежи, а поради тоа овој човек веќе четири дена не оди на работа во Шумарствто „Клековач“.
Слична ваква глетка неодамна  е забележана во Херцеговина кога извесна Марија Крзиќ на патот од Рошко Поље  одела на работа и случајно  видела и волк кој успеала да го сними.