-->
-->
Нетанјаху се заканува со откажување на состанокот со Габриел
-->
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани синоќа дека ќе го откаже состанокот со германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, доколку тој се состане со претставници на невладината организација „Разбивање на тишината“ (Breaking the silence), изјавија израелски претставници.
Портпаролот на германското МНР претходно најави дека Габриел во вторник би требало да се состане со граѓански организации, но не наведе со кои, а израелските медиуми пренесоа дека ќе се состане со организацијата „Разбивање на тишињата“, која собира сведочења од израелските ветерани за воениот третман кон Палестинците на Западниот Брег.
Германскиот портпарол не ги коментираше заканите на Нетанјаху дека ќе го откаже состанокот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“