Нетанјаху: Преговорите со Хамас ќе продолжат „под оган“
Израел планира да ги интензивира своите напади во Појасот Газа дури и по очекуваното ослободување на израелско-американски заложник од страна на Хамас, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Преговорите ќе продолжат под оган за време на подготовките за интензивирање на борбите, рече израелскиот лидер во изјава.
Палестинската милитантна група вчера соопшти дека ќе го ослободи Едан Александар, израелски Американец кој служи во израелската армија, во гест на добра волја кон Соединетите Американски Држави по неодамнешните разговори.
Ослободувањето беше претставено како дел од напорите на исламистичката милиција да се постигне договор за Газа.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тоа е „одлична вест“ и гест на добра волја кон неговата земја и другите двајца посредници, Катар и Египет.
Во меѓувреме, Трамп планира неделава да почне повеќедневна турнеја по Блискиот Исток, без посета на Израел.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај