Нетанјаху: Израел ќе одреди кои странски војници ќе учествуваат во меѓународните сили во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе одреди на кои странски војници ќе им дозволи да бидат дел од планираните меѓународни сили во Газа, за да помогнат во завршувањето на војната според планот на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ние ја контролираме нашата безбедност и исто така јасно ставивме до знаење во врска со меѓународните сили дека Израел ќе одреди кои војници се прифатливи за нас, рече Нетанјаху на состанокот на владиниот кабинет.
Нетанјаху кажа дека ваквиот израелски став е прифатлив и за САД.
Администрацијата на Трамп ја исклучи можноста за испраќање американски војници во Газа. Се очекува меѓународните сили во Газа да бидат од Египет, Индонезија и земјите од Персискиот Залив.
Појасот Газа е под окупација од Израел, кој ги контролира сите пристапи до палестинската енклава.
МИА
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
