Нетанјаху: Израел е подготвен веднаш да ги прими заложниците ослободени од Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „Израел е подготвен за итно примање на сите наши заложници“, според соопштение од Канцеларијата на премиерот, откако беа објавени информации дека ослободувањето на заложниците од Газа може да се случи уште вечерва.
Во меѓувреме, израелски функционер за јавниот радиодифузен сервис Кан изјави дека армијата очекува заложниците да се вратат во Израел до моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе пристигне во Израел утре во 9:20 часот наутро.
- ИДФ ги заврши подготовките за ослободување на заложниците и проценува дека сите ќе бидат ослободени пред пристигнувањето на Трамп, изјави изворот.
Медиумите на хебрејски јазик, повикувајќи се на неименувани израелски претставници, јавија дека Ерусалим добил индикации дека Хамас сака да го забрза ослободувањето на заложниците во Газа за вечерва, јави Тајмс оф Израел.
Според извештаите, милитантната исламистичка група дала сигнал дека сака процесот да биде завршен пред утрешното пристигнување на американскиот претседател Доналд Трамп во Израел.
Нема официјална потврда за можниот забрзан распоред. Израелските претставници претходно изјавија дека очекуваат заложниците да бидат ослободени утре изутрина.
„Вол Стрит Џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето, претходно јави дека Хамас му потврдил на Израел дека 20 заложници се живи и оти можат да бидат ослободени уште денеска.
Според извештајот, пораката била испратена преку арапски посредници.
Израелски функционер за весникот изјавил дека Израел е подготвен да ги прими заложниците вечерва, иако се уште се смета дека понеделник ќе биде посоодветен за нивно ослободување.
Израел исто така соопшти дека верува дека 20 заложници се живи, постојат сериозни загрижености за судбината на уште двајца, додека за 26 други е потврдено дека се починати.
МИА
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
