-->
-->
Нетанјаху: Хезболах си игра со оган
-->

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, при денешната посета на Единица 585 или познат како баталјон на Бедуините, упати предупредување до Хезболах, истакнувајќи оти либанската терористичка група „си игра со оган“.
– Има такви кои мислат дека можат да ги прошират своите напади против нашите војници и против цивилите. Ова е играње со оган. Огнот ќе биде пресретнат со многу посилен оган. Тие не смеат да не предизвикуваат, бидејќи покажавме само мал дел од нашата моќ. Ќе ги повредиме сите кои не повредиле нас, истакна Нетанјаху без да го спомне Хезболах.
Тој наведе и дека израелските безбедносни сили ќе го елиминираат Хамас.
– Ќе ја вратиме безбедноста на север и на југ … Хамас ќе биде елиминиран, потенцира Нетанјаху.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
