Нетанјаху е јасен - не сака преговори за делумен прекин на огнот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да се согласи на преговори за делумно примирје и договор за ослободување на заложниците со палестинската милитантна група Хамас, објави Канал 12, повикувајќи се на неименувани извори блиски до израелскиот премиер.
Нетанјаху е подготвен само да разговара за сеопфатен договор што би ја завршил војната според неговите услови и би обезбедил ослободување на сите преостанати заложници.
- Премиерот би бил подготвен да преговара под условите што ги поставивме за завршување на војната, и само ако сите заложници бидат вратени. Дотогаш, ние воопшто нема да учествуваме во преговорите, рекоа неименуваните извори, според „Тајмс оф Израел“.
Ставот на Нетанјаху за тоа дали да се оди кон делумен или сеопфатен договор е нејасен откако кабинетот за безбедност минатиот четврток одлучи да го заземе градот Газа, додаде Канал 12, забележувајќи дека сега се чини дека тој е на страната на својот врвен советник, министерот за стратешки прашања Рон Дермер, кој наводно се изјаснил против какви било делумни договори за време на состанокот на кабинетот.
Кабинетот за безбедност на Израел го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ја преземат контролата врз градот Газа.
Според планот, Израелските одбранбени сили би влегле во северниот дел од енклавата, а воедно би им обезбедиле хуманитарна помош на жителите надвор од борбените зони.
Операцијата би можела да бара масовна евакуација на околу 800.000 луѓе.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии