Нетанјаху: Бан Ки-мун го „охрабрува тероризмот“
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини синоќа генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за „охрабрување на тероризмот“.
Острата реакција на Нетанјаху доаѓа по излагањето на Бан во Советот за безбедност во Њујорк, при што тој рече дека „во човековата природа е угнетени луѓе да реагираат на окупацијата“.
Во излагањето, генералниот секретар ги осуди и нападите на Палестинците и на израелските Арапи врз голем број Израелци, што почнаа на минатата есен, но неговите коментари во кои наоѓа разбирање за палестинскиот револт предизвикаа гневна реакција на израелската Влада.
- Коментарот на генералниот секретар на ОН, претставува охрабрување на тероризмот. се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Нетанјаху, во кое се нагласува дека „нема ниакакво оправдување за тероризмот“.
Во понеделникот една 24-годишна Израелка беше убиена со убод со нож во една од еврејските населби на Западниот брег. Тоа беше трет таков напад во изминатите десет денови.
Двајцата палестински напаѓачи подоцна беа убиени од обезбедувањето на станбениот комплекс во населбата каде беше убиена жената.
Од октомври, кога почнаа нападите со ножеви и огнено оружје врз израелски цивили, па досега, убиени се 155 Палестинци, 28 Израелци и по еден Американец и Еритреец.
Според израелската полиција, најголемиот број од убиените Палестинци се напаѓачите, додека другите се убиени во судири со безбедносните сили и во насилнички протести.
Бан Ки-мун смета дека нападите се последица на „чувството на отуѓеност и на очај“ кај младите Палестинци, што според него, е резултат на „полувековната окупација и парализата на мировниот процес“.
Премиерот Нетанјаху ги обвинува Палестинците дека работат против создавањето (палестинска) држава и тврди дека тие „не сакаат (своја) држава, туку сакаат уништување на една (туѓа) држава“, мислејќи на палестинската исламистичката организација Хамас за која се верува дека ги потикнува сегашните напади.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат