-->
-->
Несторовски пак постигна два гола
-->
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски втор натпревар по ред постигнува два гола за својата екипа Палермо и обезбедува победа. Попладнево во натпревар од 12.коло од Серија Б Палермо на домашен терен ја совлада екипата на Ентела со 2:0.
Несторовски головите ги постигна во 23.минута од пенал и во 48.минута, а во 87.минута беше заменет и на негово место влезе уште еден македонски репрезентативец Александар Трајковски.
По поразот на Емполи од Салернитана, Палермо се проби на првата позиција на табелата во Серија Б со 21 бод, еден повеќе од Емполи и Фросиноне, кој денеска одигра нерешено со Венеција на гости 1:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
14 осомничени за пожарот во Кочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Од денеска теренски контроли на сите кабареа и ноќни клубови, само 12 субјекти во државата поседуваат лиценци
-
14 осомничени за пожарот во Kочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани
-
Почнува контрола на сите ноќни клубови
-
Бектеши сеуште во полициска станица